Утрински Весник
Свет

Ватикан: Сè уште има простор за мудрост и добра волја

Ватикан: Сè уште има простор за мудрост и добра волја

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, по повод руската интервенција во Украина изјави дека се надева оти оние кои ја држат судбината на светот во свои раце ќе имаат „трунка совест“.

„За жал, трагичните сценарија од кои сите стравуваа стануваат реалност“, изјави кардиналот Паролин, кој е втор по папата Франциско во хиерархијата на Ватикан, пренесува Ројтерс.

Како што рече кардиналот Паролин, „има уште време за добра волја, има уште простор за преговори, сè уште има простор да се покаже мудрост што спречува да преовладуваат партиските интереси, што ги штити сечии легитимни аспирации и го спасува светот од глупоста и ужасите на војна“.

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе