Утрински Весник
Свет

Кулеба: Евакуирана хемиската фабрика на Крим, можеби спремаат лажен напад

Кулеба: Евакуирана хемиската фабрика на Крим, можеби спремаат лажен напад

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави дека е евакуирана хемиската фабрика на Крим, украинскиот полуостров припоен од Русија.

„ Загрижувачки извештаи од Крим. Целосната ноќна смена на хемиската фабрика на Титан во Армијанск е евакуирана. Ова може да биде подготовка за уште една руска изведена провокација. Се чини дека Москва нема граници во обидот да лажира изговор за понатамошна агресија“, напиша Кулеба на Твитер.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори