Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Јасно е дека Шпанија нема да го признае Косово

Вучиќ: Јасно е дека Шпанија нема да го признае Косово
Dik 300x250 mk

По средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез, српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека ставот на Шпанија за Косово останува непроменет.

„ Јасно е дека Шпанија нема да ја признае независноста на Косово, останува на својот став, го почитува интегритетот и суверентитетот на Србија“, рече Вучиќ.

„ Се заблагодарив за отворањето на четвртиот кластер на ЕУ. Ние ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите односи. Верувам дека во текот на оваа година ќе имаме прилика да го угостиме шпанскиот крал, што досега не се случило“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили