Утрински Весник
Македонија

Арсовска се сретна со претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините

Арсовска се сретна со претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините

Градоначалничката Данела Арсовска се сретна со претставниците на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на локално ниво, Бардул Марку, Наташа Николовска Станковиќ и Гинка Капитанова.

Арсовска и претставниците од СРМА разговараа за потенцијална соработка за засилување на капацитетите на градската администрација и за можностите за зголемување на фискалниот капацитет на општините.

На средбата се разговараше и за можностите за системско поврзување меѓу општините и други институции со цел размена на информации за даночните обврзници, а претставниците на проектот изразија и интерес за соработка со ЗЕЛС за учество во измените на националната регулатива.

Можете да прочитате

Родителите на загинатите во „Пулс“ на 45. Марш на ангелите: Не бараме пресуда однапред, бараме вистина и правда

Нон-пејперот на Мерц и Макрон: Нова шанса или уште едно европско ветување за Македонија? 

Попладнево пукање во Скопје: Маж ранет, напаѓачот уапсен