Утрински Весник
Македонија

Ковачевски до Шмигаљ: Ја имате нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Ковачевски до Шмигаљ: Ја имате нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, му ја изрази поддршката на Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Премиерот Ковачевски порача дека Македонија ја осудува одлуката на Руската федерација за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

Во телефонскиот разговор со премиерот на Украина, Ковачевски ја оцени постапката на Русија како директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и како флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски на Шмигаљ му пренесе дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, се приклучува кон повикот до Москва на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

Претседателот на Владата Ковачевски за време на разговорот потврди дека Македонија е усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО во однос на санкциите кон Руската Федерација, како одговор на нејзините непринципиелни постапки.

Можете да прочитате

(Видео) Започна 31. Конгрес на СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува новo движење по моделот на Вучиќ

ВРЕДИ: Фазлиу ги модернизира Матичните Книги, основните документи сега се преземаат онлајн