Утрински Весник
Спорт

Нејмар: Направив сè да се вратам во Барселона

Нејмар: Направив сè да се вратам во Барселона

Нејмар вели дека „направил сè да се врати во Барселона пред Лионел Меси да му се приклучи во Пари Сен-Жермен потврдувајќи ги шпекулациите дека подолго време сакал враќање во Каталонија.

ПСЖ плати рекордни 222 милиона евра во 2017 да го откупи договорот на Нејмар со Барселона по четири години на „Камп ноу“, во кои освои две титули од Ла Лига и една од Лигата на шампионите во пеколниот напад со Меси и Луис Суарез. Сепак, во летото 2019 постоеја големи шпекулации дека тој сака да се врати во Барселона, но тоа не се оствари.

„Се обидов да се вратам во Барса. Направив сè, но тоа не беше возможно. Но, среќен сум што Лео дојде тука со нас бидејќи тој ми е пријател и добро се согласуваме“, вели 30-годишниот Нејмар.

Бразилецот има проблеми со повредите оваа сезона со само 16 настапи во сите натпреварувања, 4 гола и 4 асистенции.

> Нејмар: Направив сè да се вратам во Барселона <

Можете да прочитате

Македонија со 22 ракометарки на турнирот „Трофеј Карпати“

Светислав Пешиќ останува селектор на Србија

Погба за односот со Мурињо: Нашиот однос беше како момче и девојка, постојано се каравме и се миревме