Утрински Весник
Култура

Непозната слика на Матис е пронајдена во кутија полна со ѓубре

Непозната слика на Матис е пронајдена во кутија полна со ѓубре

Непозната слика на уметникот Анри Матис е пронајдена во ѓубре во југоисточна Франција, објави BFMTV.

Проценителката Џенифер Премиер-Роланд рече дека ја пронашла сликата во куќа во регионот на Вар за време на претрес на имот.

Станува збор за женски портрет кој бил пронајден во картонска кутија, преполна со ѓубре. Сликата ја потпишал Матис.

Во моментов се врши вештачење.

Ова е второ дело на Матис, откриено во регионот во последните година и пол.

Анри Матис е француски сликар и вајар кој силно влијаел врз модерното европско сликарство и заедно со Пикасо е еден од главните негови претставници.

Текстот Непозната слика на Матис е пронајдена во кутија полна со ѓубре е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“