Утрински Весник
Свет

Официјално воспоставени дипломатски односи меѓу Москва и Донбас

Официјално воспоставени дипломатски односи меѓу Москва и Донбас

Русија од 22 февруари воспостави дипломатски односи со Народните републики Доњецк и Луганск, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Во согласност со указот на рускиот претседател Владимир Путин, на 22 февруари 2022 година, од тој датум беше официјализиран договор за воспоставување дипломатски односи на ниво на амбасади меѓу Русија и Народните републики Доњецк и Луганск, со размена на дипломатски ноти меѓу Русија и министерствата за надворешни работи“, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им честиташе на министрите за надворешни работи на републиките во Донбас, Наталија Никонорова и Владислав Дејнег за воспоставувањето дипломатски односи, пренесе ТАСС.

„Руската страна е подготвена за сеопфатен развој на соработката со Народните републики Доњецк и Луганск, вклучително и меѓу министерствата за надворешни работи, во интерес на граѓаните на нашите земји, зајакнување на мирот, регионалната стабилност и безбедност“, соопшти руското министерство.

Путин во понеделникот на 21 февруари во Донбас го призна суверенитетот на републиките и потпиша договори за пријателство, соработка и взаемна помош со Пушилин и Пашечник.

Тој му нареди на Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со републиките во Донбас, а Министерството за одбрана да обезбеди мир на нивните територии.

Можете да прочитате

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за граѓаните кои не се од членки на ЕУ

Договорен прекин на судирите во Газа поради втор круг вакцинации против детска парализа

Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида