Утрински Весник
Свет

МНР на Украина: Ги повикуваме нашите граѓани да ја напуштат Русија

МНР на Украина: Ги повикуваме нашите граѓани да ја напуштат Русија

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги повика украинските граѓани да не одат во Русија, а оние кои веќе се таму да ја напуштат земјата.

“Министерството за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Украина да се воздржат од какви било патувања во Руската Федерација, а оние кои се во оваа земја итно да ја напуштат нејзината територија“, се наведува во советите за патувања објавени од Министерството, пренесува Ројтерс.

Неколку западни земји, како и ЕУ, Јапонија и Австралија, воведоа санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР).

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено