Утрински Весник
Македонија

Со автомобил удрил двајца полицајци, па со остар предмет повредил еден

Со автомобил удрил двајца полицајци, па со остар предмет повредил еден

Вчера во селото Доленци, Демирхисарско, полициски службеници го привеле И.Ѓ.(41) од Росоман.

„Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани