Утрински Весник
Економија

Владата ги донесе измените на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија

Владата ги донесе измените на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија

Владата донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со цел на сите баратели да им се овозможи еднаков третман при примањето на финансиската поддршка на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.

Според овие промени најголем дел од вкупните буџетски средства за оваа намена ќе бидат определени за категоријата самец, со 2767 барања, а потоа соодветно намалени за категоријата двочлено домаќинство со 2105 барања, за тричлено домаќинство со 602 барања, за домаќинствата со четири члена со 612 барања, и за домаќинство со пет и повеќе члена за којашто стигнаа 453 барања.

Можете да прочитате

Николовски: Политиките на ДПМНЕ го клекнаа земјоделството на колена, СДСМ обезбедуваше реална поддршка за земјоделците

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година