Утрински Весник
Свет

Радев: Вклучување на македонските Бугари во Уставот пред почетокот на преговорите

Радев: Вклучување на македонските Бугари во Уставот пред почетокот на преговорите

Бугарскиот претседател Румен Радев побара јасни и недвосмислени гаранции од македонските власти за почитување на правата на Бугарите во Мaкедонија и искоренување на говорот на омраза кон нив, објави БГНЕС.

Радев побара вклучување на Бугарите во македонскиот Устав пред почетокот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Ова го рекол на средбата со претставниците на бугарските организации и здруженија во Македонија.

„Заедно со сите активности за продлабочување на врската, мора да постои јасен календарски распоред за решавање на отворените проблеми. Инсистирам на јасни гаранции. Вклучувањето на македонските Бугари во уставот го сметам за задолжителен услов за почеток на преговорите. Пред да ја отвориме вратата, треба да има јасен и одржлив процес на искоренување на говорот на омраза. Овој јазик мора да заврши“, изјави Радев.

„Ова не е мешање во работите на РСМ. Ова е израз на нашата загриженост и поддршка за патот на PCM да се заснова на европски принципи и норми. Не поддржувам никакви идеи за малцинствата и сепаратистичките струи. Цениме дека сте полноправни граѓани на РСМ“, им порачал Радев на претставниците на бугарските организации во Македонија.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега