Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени

ВМРО-ДПМНЕ: Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени

Ова СДСМ што нуди е гола лага, бидејќи минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Минималната плата ќе ја изеде инфлацијата од 6.7%, зејтинот, бензините, струјата се драстично покачени. Општ раст на платите е потребен заради лошите економски мерки на СДСМ и инфлацијата која ја предизвикаа. Народот е се посиромашен и потребно е покачување на платите со цел граѓаните да не ја почувствуваат кризата.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе амандман на Законот за минимална плата со кој се предвидува усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе достигнат 45 илјади денари. Раст на платите ќе има и на административно техничкиот персонал. ВМРО-ДПМНЕ поднесе и предлог за покачување на пензиите за 20%“ се додава во соопштението.

Оттаму порачаа дека СДСМ ако мисли добро за граѓаните, да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот 

Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем – Левица предлага интервентни мерки за стабилизација