Утрински Весник
Свет

Џонсон го предупреди Зеленски: Руската инвазија е можна во следните часови или денови

Џонсон го предупреди Зеленски: Руската инвазија е можна во следните часови или денови

За време на разговорите со неговиот украински колега Володимир Зеленски, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека руската инвазија е можна за неколку часа или денови, најавувајќи дека Велика Британија ќе размисли за дополнителни испораки на воена опрема и оружје за Украина и ќе воведе санкции кон Русија.

„ Изразувајќи сериозна загриженост за случувањата во регионот, премиерот Џонсон го предупреди претседателот Зеленски дека верува дека инвазијата е реална можност во наредните часови и денови“, соопшти кабинетот на Џонсон, по разговорите меѓу двајцата лидери, откако рускиот претседател Владимир Путин призна две самопрогласени републики во источна Украина.

Во соопштението се наведува дека Џонсон му рекол на Зеленски дека Велика Британија веќе вовела санкции против оние кои учествувале во нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и дека овие мерки ќе стапат во сила денеска.

Можете да прочитате

Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства

Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

Мисајловски и Лафчиски на средба со шефот на Бирото за Националната Гарда на САД, Џонатан Стабс