Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Бритни Спирс ќе добие 15 милиони долари за нејзината животна приказна

Бритни Спирс ќе добие 15 милиони долари за нејзината животна приказна
Img 7972

Бритни Спирс, наводно, треба да добие над 15 милиони долари за да ја раскаже својата животна приказна.

Поп-ѕвездата, на која минатиот ноември ѝ беше укинат спорниот конзерваторски надзор по 13 години, наводно, постигнала договор со издавачката куќа „Сајмон Шустер“ за мемоари. Овој договор следи по голема војна на наддавање.

Извор за колумната „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“изјави: „Договорот е еден од најголемите на сите времиња, по тој за семејството Обама“.

Правата за книгите на Барак и Мишел Обама беа продадени во 2017 година, а сумата, наводно, ја надминала цифрата од 60 милиони долари, претходно позната како најголема досега за нефикциска книга.

Во 2001 година, на поранешниот претседател Бил Клинтон му беа платени 15 милиони долари за неговата автобиографија „Мојот живот“.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?