Утрински Весник
Свет

ЕУ најави санкции против Русија

ЕУ најави санкции против Русија

Во заедничката писмена изјава, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи да ги признава регионите Донецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“.

„ Овој чекор е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорот од Минск. Унијата ќе реагира со санкции против оние кои се вклучени во овој незаконски чин“, најавија Фон дер Лајен и Мишел.

Тие ја повторија непоколебливата поддршка на ЕУ за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна