Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин не мора да чека согласност за да испрати војска во Донецк и Луганск

Путин не мора да чека согласност за да испрати војска во Донецк и Луганск
300x250 opst2

Путин не мора да чека согласност за испраќање војска во новопрогласените републики.

Во договорите за соработка меѓу Русија и самопрогласените Народни републики Донецк и Луганск се наведува дека претседателот на Русија не мора да бара согласност од Советот на Федерацијата за употреба на руските вооружени сили во странство, изјави извор од рускиот парламент за РИА Новости.

Соговорникот на агенцијата изјавил дека дозволата би била потребна доколку се работи за територија на Украина.

„ Но, сега тоа се териториите на ДНР и ЛНР“, вели изворот.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша укази за признавање на самопрогласените републики во источна Украина, како и договори за соработка со нив, со кои, меѓу другото, и нареди на руската армија да обезбеди мир во регионите во источна Украина.

Можете да прочитате

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва