Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Експлозии во центарот на Донецк, на руската граница елиминирани украински воени групи

Експлозии во центарот на Донецк, на руската граница елиминирани украински воени групи
300x250 opst2

Неколку експлозии одекнале денеска во центарот на Донецк, кој е под контрола на проруските сили во источна Украина, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на очевидци.

Засега не е позната причината за експлозиите.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Русија размислува дали да ја признае независноста на самопрогласените републики Луганск и Донецк, но дека нема формално да ги додаде на својата територија.

Претходно, руските гранични служби во соработка со Министерството за одбрана елиминирале две украински субверзивни групи на границата со Русија, а еден саботер е уапсен, изјави денеска директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников на состанокот на Советот за безбедност.

„Две украински субверзивни воени групи синоќа маршираа кон границата со Русија во регионот Луганск и од правец на Мариупол“, рече Бортников, а пренесе ТАСС.

„Двете субверзивни групи беа елиминирани во судирите со нашите граничари со поддршка на руското Министерство за одбрана. Еден од украинските војници е заробен“, изјави директорот на ФСБ.

Во меѓувреме, во Полска денеска започнаа долго планираните воени вежби на НАТО „Сејбер страјк 2022“, во екот на тензиите меѓу Русија и западот околу Украина.

Околу 1.300 полски војници учествуваат во меѓународните воени вежби, соопшти полската армија.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа