Утрински Весник
Свет

Признавањето на Луганск и Донецк веќе утре може да биде на дневен ред во руската Дума

Признавањето на Луганск и Донецк веќе утре може да биде на дневен ред во руската Дума

Шефот во Комитетот на Државната дума за Заедницата на независни држави, Леонид Калашников денеска изјави дека долниот дом на рускиот парламент утре на пленарна седница ќе ја разгледа можноста за признавање на самопрогласените Луганска и Донечка народна република, доколку претседателот Владимир Путин претходно достави такво соопштение.

„Доколку претседателот денеска или утре даде изјава со која ги признава ЛНР и ДНР, ќе разговараме за тоа утре во Државната дума“, изјави Калашников за РИА Новости.

На почетокот на денешната вонредна седница на Советот за национална безбедност, Путин изјави дека главна цел на таа средба е да се утврдат чекорите поврзани со кризата во Донбас, особено имајќи го предвид повикот на лидерите на самопрогласените ЛНР и ДНР за Русија да го признае нивниот суверенитет.

Можете да прочитате

Зошто циклонот “Борис” е толку необичен?

Амазон ќе ги враќа работниците во канцеларија

Фон дер Лајен го објави составот на новата ЕК: Словенката Марта Кос нова еврокомесрка за проширување