Утрински Весник
Македонија

Ковачевски верува дека е ненамерна грешка објавената фотографија на која тој беше исечен

Ковачевски верува дека е ненамерна грешка објавената фотографија на која тој беше исечен

Премиерот Димитар Ковачевски сака да верува дека објавената фотографија на фесјбук профилот на бугарскиот премиер, Кирил Петков, а на која тој беше исфрлен е ненамерна грешна.

„Вчера веќе имаше изјава од страна на прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков и нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој е даден од прес-службата на бугарската влада е тој што е вистинскиот и дека ќе продолжиме со успешната комуникација и во иднина“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Ковачевски за време наМинхенската безбедносна конференција ја објави фотографијата со Петков и Блинкен, со коментар дека американскиот државен секретар изразил целосна поддршка за дијалогот меѓу Скопје и Софија. Фотографијата беше објавена и на фејсбук-профилот на Петков, но Ковачевски беше исечен, односно се гледаше само дел од неговиот ракав.

По скандалот се огласи и бугарскиот премиер, кој искоментира дека нема да подлегнуваат на провокации.

Инаку, Ковачевски денеска повтори дека преговорите со Бугарија се водат во духот на Резолуцијата во Собранието и во духот на европските вредности.

„И јас и премиерот Петков во своите настапи по нашите средби ги објавуваме сите детали за кои се разговара и можам да ве уверам дека се она за што се разговара е во духот на Резолуцијата што е донесена во нашето Собрание и во духот на европските вредности. Се разбира, во целиот тој процес е вклучена и Европската комисија бидејќи на крајот на денот преговарачката рамка треба да биде одобрена од сите земји членки на ЕУ и врз основа на тоа Македонија да го добие датумот за почнување на првата меѓувладина конференција“, рече Ковачевски.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски