Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ѓоковиќ: Навивам за Ибрахимовиќ и Милан, се надевам дека ќе ја освоиме титулата

Ѓоковиќ: Навивам за Ибрахимовиќ и Милан, се надевам дека ќе ја освоиме титулата
Img 7972

Новак Ѓоковиќ, попладнево во Дубаи, ќе го одигра првиот меч во 2022 година. По австралиската голгота, Ѓоковиќ е поставен за прв носител на АТП турнирот од серијата 500. Во кариерата српскиот тенисер пет пати победил во ДУбаи, последен пат во 2022 година.

Ѓоковиќ, од минатата недела се наоѓа во Дубаи, со цел што подобро да се подготви за настап на турнирот. На неколкуте средби со новинарите одговорил на разни прашања. Едно од нив било поврзано со Златан Ибрахимовиќ. Го прашале дали е редовно во контакт со напаѓачот на Милан.

„Во контакт сме, но не постојано. Се слушаме понекогаш. Често сме на „чет“ на разни теми. Долго се познаваме 10 или 15 години. Јас сум негов голем навивач, го ценам она што го има постигнато. Говориме со ист јазик, секако дека сме блиски пријатели. Разменувавме пораки и кога заврши се она во Австралија. Јавно ми даде поддршка. Навивам за Милан. Се надевам дека наскоро повторно ќе игра. Знам дека е повреден и дека е во процес на рехаблитација. Се надевам дека ќе го освоиме Скудетото оваа година“, рекол Ѓоковиќ.

> Ѓоковиќ: Навивам за Ибрахимовиќ и Милан, се надевам дека ќе ја освоиме титулата <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер