Утрински Весник
Свет

Кралицата Елизабета извршува полесни должности иако има ковид

Кралицата Елизабета извршува полесни должности иако има ковид
Dik 300x250 mk

Британската кралица Елизабета Втора (95) извршува „полесни должности“ во замокот Виндзор во Лондон, иако е позитивна на ковид, објавија денеска кралските власти.

Бакингемската палата вчера потврди дека кралицата има благи симптоми на корона, слични на настинка.

Полесните обврски вклучуваат, меѓу другото, читање британски весници во добар дел од денот, објави Би-би-си.

„Ситуацијата во Виндзор е во состојба на готовност, но нема голема причина за тревога“, изјави портпаролката на кралското семејство на Би-би-си, Даниела Релф.

Таа додаде дека впечатокот е дека оваа недела ќе биде „деловна, колку што е можно повеќе, за кралицата“.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина