Утрински Весник
Македонија

Исчистени 15 кубни метри отпад кај скопското Кале

Исчистени 15 кубни метри отпад кај скопското Кале

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ викендов реализираа голема акција за чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар на тој потег.

Во рамките на акцијата отстранети се околу 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.

„Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Eкипите на градските јавни претпријатија ќе продолжат и во наредниот период со засилени активности на терен за расчистување на дивите депонии“, велат од Град Скопје.

Можете да прочитате

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака да го надмине Заев во предавствата