Утрински Весник
Македонија

Вчера казнети 953 возачи за брзо возење

Вчера казнети 953 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес кон побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Дијаспората да гласа онлајн на изборите, предвидуваат измените на Изборниот законик

Филипче: Мицкоски ги чита европските документи со бугарско срце наместо со македонски интерес

Македонија под Суптропски антициклон, пред нас тропски ноќи и пеколни денови