Утрински Весник
Свет

Апликацијата на Доналд Трамп од утре во продавниците на Ејпл

Апликацијата на Доналд Трамп од утре во продавниците на Ејпл

Апликацијата „Truth Social“, која ја лансираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, би можела да се најде во продавницата на Apple од понеделник, 21 февруари.

Лансирањето на апликацијата ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи, кому повеќе од една година му е забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб, оценува британската агенција.

На Трамп му беше забранет пристапот до најпопуларните социјални мрежи по упадот на неговите поддржувачи во американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

На 15 февруари, најстариот син на Трамп објави видео на Твитер на кое пишува: „Подгответе се! Вашиот омилен претседател се враќа наскоро!

Зад платформата стои Trump Media and Technology Group (TMTG).

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички