Утрински Весник
Македонија

Петмина повредени во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Петмина повредени во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Пет лица се повердени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 00.55 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница од с.Босилово-с.Турново.

Според информациите од МВР, несреќата се случила помеѓу автомобил „мазда’’ управувано од О.С.(45) од с.Старо Балдовци, струмичко и автомобил „бмв х3’’ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(45) од с.Градско Балдовци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мазда“, А.А.(25) од с.Старо Балдовци – сопатник во возилото „мазда“ и В.Ј.(33) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Струмица.

Додека со телесни повреди се здобила В.Џ., малолетен сопатник во возилото „мазда“, С.И.(42) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“ и малолетна сопатничка во возилото „бмв“ од с.Градско Балдовци, констатирани во болницата во Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Станав обвинет за нешто што не можев да спречам вели градежниот инспектор Гоцев

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на СДСМ личи какo Заев мамурен да го пишувал

Новиот претседател на ДКСК најави борба против корупцијата