Утрински Весник
Свет

Зеленски го повика Путин да разговараат

Зеленски го повика Путин да разговараат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин да се состанат за да најдат начини за решавање на кризата.

„ Не знам што сака претседателот на Руската Федерација, затоа предлагам средба“, рече Зеленски на Минхенската безбедносна конференција во саботата, каде што се сретна и со американскиот потпретседател Камал Харис, пренесува АП.

Украинскиот претседател додаде дека Русија може да ја избере локацијата на средбата.

„ Украина ќе продолжи да го следи само дипломатскиот пат за мирно решение“, посочи Зеленски.

Кремљ досега не одговори на овој предлог на Зеленски. Тој го повика Путин неколку часа откако водачите на проруските сили во источна Украина наредија целосна воена мобилизација.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking