Утрински Весник
Свет

Зеленски му ветил на Макрон дека нема да одговорат на провокациите во Донбас

Зеленски му ветил на Макрон дека нема да одговорат на провокациите во Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон, ветил дека Украина нема да одговори на провокациите во Донбас, соопшти Елисејската палата.

Претставникот на францускиот претседател истакна дека Макрон прави се што е во негова моќ за да го спречи големиот конфликт во Донбас.

Администрацијата на претседателот на Франција смета дека руската инвазија на Украина ќе донесе војна во центарот на Европа.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички