Утрински Весник
Свет

Пентагон планира да ги зајакне резервите на литиум и да ја намали завиноста од Кина

Пентагон планира да ги зајакне резервите на литиум и да ја намали завиноста од Кина
Dik 300x250 mk

Пентагон планира да ги зголеми резервите на ретките минерали, кобалт и литиум за да ја намали долгорочната зависност од Кина, најголемиот снабдувач на секторот во последните 30 години, велат два неименувани извори на „Ројтерс“.

Новиот план за складирање треба да биде објавен следната недела, речиси една година откако американскиот претседател Џозеф Бајден нареди преглед на синџирот на снабдување во САД за овие руди.

Ретките минерали, кобалт и литиум се користат во производството на оружје од новата генерација, борбени авиони кои ги прави „Локхид Мартин“ и прецизно наведувачка муниција на корпорацијата „Рејтон Технолоџис“.

Литиумот е клучна компонента на батериите за електрични возила и е важен за реализација на планот на Пентагон да ги префрли своите 170.000 нетактички возила на режим кој не испушта штетни гасови.

Секретаријатите за одбрана, енергетика и Стејт департментот, кои, според изворите, направиле нов план за снабдување, не одговориле на барањето за коментар.

Сè уште не е познато од каде Пентагон би ги набавил овие руди, за да ја избегне Кина. САД имаат само едно наоѓалиште на ретки минерали и нема можност за нивна понатамошна обработка.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа