Утрински Весник
Свет

(Видео) Шок бомби и бибер спреј на протестите во Канада – има повредени и уапсени

(Видео) Шок бомби и бибер спреј на протестите во Канада – има повредени и уапсени

Канадската полиција употреби бибер спреј и шок бомби во обид да ја растера толпата во Отава, по неколкудневните протести поради владините мерки.

Откако во петокот отстрани дел од блокадата и уапси повеќе од 100 луѓе, полицијата утринава побрза да го растера главниот дел од демонстрантите пред Парламентот и Канцеларијата на канадскиот премиер и по тој повод изврши нови апсења, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата насилно ги потисна демонстрантите во канадскиот главен град кој беше под опсада, преземајќи ја контролата врз камионите и расчистувајќи ги улиците пред парламентот, во срцето на протестот.

Десетици камиони се оддалечуваа под зголемен притисок, што ја зголеми надежта на властите дека ќе успеат да го запрат тринеделниот протест против мерките за ковид и владата на премиерот Џастин Трудо.

„ Ви дадовме време да заминете. Бевме бавни и методични, а вие покажувавте агресија кон полицајците и коњите. Ние одговараме на вашето однесување со вклучување шлемови и палки за наша безбедност“, се вели во пораката на полицијата до демонстрантите на Твитер, пренесува АП.

Еден полицаец е полесно повреден, но нема повредени демонстранти, изјави вршителот на должноста началник на полицијата Стив Бел. Полицијата продолжува да работи на преземање контрола врз улиците на Отава, рече Бел, додавајќи дека ќе работат на тоа дење и ноќе додека не се заврши се.

Меѓу уапсените се и четворица водачи на демонстрантите, еден е пуштен со кауција, додека на другите им е одредена мерка притвор, се вели во соопштението на полицијата.

Можете да прочитате

Овој европски град е прогласен за град на годината

(Видео) Ураганот Милтон беснее низ САД

,,Горење“ ја затвора фабриката, еве што ќе се случи со работниците