Утрински Весник
Свет

Пленковиќ го разреши министерот Дарко Хорват

Пленковиќ го разреши министерот Дарко Хорват

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши од функцијата министерот Дарко Хорват, кој денеска беше приведен.

„ Премиерот Андреј Пленковиќ денеска го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот“, потврди владиниот портпарол.

Тој додаде дека Пленковиќ го сменил Хорват „на негово барање“.

Во исто време ќе се одржи рочиште на кое ќе се одлучува за притворот на Хорват. УСКОК побара едномесечен притвор.

Ако на Хорват му биде изречена мерка притвор, вечерва ќе спие во затворот Реметинец.

Пленковиќ на претходната прес-конференција уште еднаш застана во одбрана на Хорват, но рече дека доколку му биде изречена мерка притвор, не може да остане министер.

Хорват е првообвинет, а неговата помошничка Ана Мандац е второобвинета.

Според УСКОК, се сомнева дека по налог на Хорват, неговата помошничка во табелата со оние лица на кои им се доделуваат грантови, додала субјекти кои не ги исполнуваат критериумите, а Хорват потоа потпишал да им бидат доделени грантови. Меѓу обвинетите се поранешниот министер Томислав Толушиќ и актуелниот вицепремиер Борис Милошевиќ. Толушиќ како третообвинет и Милошевиќ како шестообвинет, но конечна потврда нема.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури