Утрински Весник
Свет

(Видео) Русија тестираше нуклеарни балистички ракети

(Видео) Русија тестираше нуклеарни балистички ракети

Русија тестираше нуклеарни балистички ракети, додека тензиите растат околу Украина. Светот е целосно насочен кон можен руски напад на Украина.

Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко од Контролниот центар на палатата во Кремљ го следеа лансирањето на балистички ракети во вежба во која учествуваа нуклеарни тријадни сили. Вашингтон пак соопшти дека руските сили во близина на украинската граница се „подготвени за напад“.

Вежбите на руските нуклеарни сили вклучуваат лансирање на балистички и крстаречки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека вежбите се дел од редовен тренинг процес и дека Путин најверојатно ќе учествува од „ситуациониот центар“.

„ Русија успешно ги тестираше своите нуклеарни балистички ракети и хиперсонични ракети како дел од годишните стратешки вежби Гром“, соопшти Кремљ. „ Сите проектили ги погодија своите цели“, се вели во соопштението и се додава дека вежбите вклучуваат нуклеарни подморници и бомбардери Ту-95.

Можете да прочитате

Хронологија: САД ја завршуваат воената присутност во Ирак по 23 години

Според истрага, повеќе од 270 свештеници во Масачусетс злоставувале деца со децении

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари