Утрински Весник
Спорт

Њукасл освоија еден бод кај Вест Хем

Њукасл освоија еден бод кај Вест Хем

Вест Хем и Њукасл со резултат 1:1, го отворија 26.коло во англиската Премиер лига. Вест Хем нарпавија уште кикс во борбата за Лигата на шампионите, додека Њукасл ја продолжија успешната серија, „страчките“ се непоразени на последните шест натпревари.

Натпреварот на стадионот во Лондон беше решен во првото полувреме. Досон го постигна првиот гол во 32.минута. Израмни Влок во првата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме.

Вест Хем се четврти со 42 бода и четири натпревари повеќе од Арсенал. Њукасл се во безбедната зона, на 17.место имаат 22 бода, пет повеќе од Норич.



> Њукасл освоија еден бод кај Вест Хем <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина