Утрински Весник
Свет

Трамп однел доверлива документација во својата куќа во Флорида

Трамп однел доверлива документација во својата куќа во Флорида
Dik 300x250 mk

По напуштањето на Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп однел доверливи документи во својот дом на Флорида, се вели во писмото испратено до Конгресот од Националниот архив и архив на САД.

Станува збор за 15 одземени кутии со документација за кои американскиот архив го известил и Министерството за правда кое ќе покрене истрага, пренесува Ројтерс.

„Архивите идентификуваа предмети во кутиите означени како доверливи информации за националната безбедност“, напиша Дејвид Фериеро од Архивот на САД во писмо до демократската пратеничка Каролин Малони, претседателка на надзорната комисија на Претставничкиот дом.

Откако Трамп ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година, тој комитет започна истрага за неговото ракување со државните документи за време на неговиот претседателски мандат.

„Овие нови откритија ја продлабочуваат загриженоста поради флагрантното непочитување на Законот за федерални записи од страна на поранешниот претседател Трамп и потенцијалното влијание врз нашите историски записи“, рече Малони во изјавата.

„Националниот архив не најде ништо. Тие добија, на нивно барање, претседателски досиеја во обичен и рутински процес за да се обезбеди зачувување на моето наследство и во согласност со Законот за претседателски досиеја. Ако ова беше некој друг освен Трамп, немаше да има посебни приказни“, се вели во писмената изјава на Трамп.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор