Утрински Весник
Свет

Експлозија на нафтоводот во Луганск – руските медиуми ја обвинија украинската армија

Експлозија на нафтоводот во Луганск – руските медиуми ја обвинија украинската армија
Dik 300x250 mk

Меѓународниот нафтовод Дружба експлодираше во петокот во Луганск, град во источна Украина контролиран од проруските сепаратисти, објави руската новинска агенција Риа Новости.

Риа објави и снимка на која се гледа како пожар го осветлува небото ноќе, додавајќи дека експлозијата на нафтоводот Дружба го потресе Луганск.

Не е позната причината за експлозијата, која се случи во моменти на голема тензија меѓу Русија и Западот во однос на Украина и заканата од ескалација на кризата во таа земја.

Патем, нафтоводот Дружба ја поврзува Русија со голем број поранешни советски сателити во Источна и Централна Европа.

Интересно е што руските медиуми ја пренесоа веста за експлозијата на нафтоводот во Луганск, велејќи дека дошло до експлозија бидејќи нафтоводот бил погоден од украински војници.

Можете да прочитате

Лавров: Европа се подготвува за војна

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција