Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноска: Власта не ја свикува комисијата за избори и именувања затоа што нема мнозинство

(Видео) Стојаноска: Власта не ја свикува комисијата за избори и именувања затоа што нема мнозинство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ова собрание тешко функционира после локалните избори затоа што има измени во собраниските комисии каде што на три комисии треба да се променат претседателите, а на 15 од 21 треба да има промени во однос на членовите и замениците, бидејќи има нова состојба со пратениците, обвини Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Затоа најитно е дека треба да се свика Комисија за прашањата на избори и именувања, а владејачкото мнозинство не ја свикува комисијата затоа што нема мнозинство во истата и со тоа се е закочено, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница на собраниската комисија за труд и социјална политика.

Таа потсети дека претходно на СДСМ не им сметаше кога во опозиција тие имаа мнозинство истата комисија.

„ Се повикуваат на собраниска пракса само кога тоа исклучиво ним им одговара. Многу закони чекаат да бидат ставени на ред, но ова парламентарно мнозинство селективно делува и селективно се вади. Тоа се нивните двојни аршини, кога им одговара се повикуваат на една собраниска пракса, кога не им одговара кажуваат дека не може така. Еве ние како опозиција се согласивме оваа комисија за труд и социјална политика да биде свикана затоа што има битен закон за минимална плата. Но и други закони чекаат добра волја на власта, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека ова е доказ дека собранието не е блокирано од страна на пратениците на опозицијата, туку власта сама си го блокира како што ќе се договори и како им одговара.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе

Агелер: Без разлика на преговорите со ЕУ, реформите мора да продолжат