Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски на средба со Касами: Македонија се движи во погрешен правец

(Видео) Мицкоски на средба со Касами: Македонија се движи во погрешен правец
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За мене претставува посебна чест и задоволство што денеска сум овде во општина Тетово, што можам да разговарам со градоначалникот на општина Тетово и претседател на политичката партија БЕСА, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Тој истакна дека имале навистина исклучително конструктивен состанок.

Наведе дека разговарале на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза.

Мицкоски изјави дека дошле до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замина за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица.

Мицкоски додаде дека колку подолго оваа влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е, толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани, толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, ќе имаме криминал и ќе имаме лоша економска состојба.

Можете да прочитате

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот

ВЛЕН под притисок од базата – Се бара смена на Фатмир Лимани?!

Нацев: Не сум сопственик на „Рубикон“, ова е политички конструиран случај