Утрински Весник
Свет

Австриско Министерство за здравство: Дигиталниот сертификат привремено ќе биде повлечен

Австриско Министерство за здравство: Дигиталниот сертификат привремено ќе биде повлечен

„Зелениот пасош“ во Австрија, по владината одлука за укинување на речиси сите епидемиолошки мерки од 5 март, нема да се укине, туку ќе оди само на „стенд бај“, односно ќе биде на готовност, велат од Министерството за здравство.

Изјавата на министерот за здравство Волфганг Микштајн дека од тој датум во Австрија повеќе нема да важи „зелениот пасош“, предизвика збунетост кај граѓаните, особено имајќи предвид дека Виена не се откажува од построги мерки, кои предвидуваат контрола.

Од Министерството нагласуваат дека апликацијата „зелен пасош“ нема да се укине, туку ќе продолжи да работи, но дека мерката „зелен пасош“ ќе оди на „стенд бај“ и ќе биде вратена кога повторно ќе има потреба.

Тоа значи дека вакцините и информациите за ковид-19 или негативен тест ќе останат зачувани во „зелениот пасош“ и ќе можат да бидат прикажани доколку е потребно, на пример, кога одите во ресторан во Виена.

„Зелен пасош“ е термин за сертификати за вакцинација, лек или тестирање и служи како инструмент во борбата против пандемија, за докажување статус при контрола.

„Бидејќи се работи за сертификати усогласени со ЕУ, тоа е европски проект, кој го олеснува патувањето во Унијата за време на пандемијата“, велат од Министерството.

Можете да прочитате

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

Саудиска Арабија нема да го признае Израел без создавање на палестинска држава