Утрински Весник
Македонија

Приведени криумчари на мигранти од Студеничани, се обиделе да ѝ побегнат на полицијата

Приведени криумчари на мигранти од Студеничани, се обиделе да ѝ побегнат на полицијата

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривични пријави против А.Р. (23) и А.Б. (28), двајцата од скопското село Студеничани, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Пријавените, на 16 февруари во 20.50 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, движејќи се со „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници.

Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство.

Во возилото биле пронајдени деветмина мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан), а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.

Можете да прочитате

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

Фетаи ќе ја претставува Владата на пленарната седница на Венецијанската комисија

Доделени решенија за вработување на 28 специјализанти во Клиничката болница Тетово