Утрински Весник
Свет

Париското метро парализирано поради штрајк, милиони луѓе останаа без превоз

Париското метро парализирано поради штрајк, милиони луѓе останаа без превоз

Голем штрајк денеска ја парализираше мрежата на париското метро и линиите на градските возови, бидејќи работниците во тој сектор бараат поголемо зголемување на платите од она што им го понудило раководството.

Денешната акција го наруши патувањето на милиони луѓе, откако француската компанија за јавен превоз РАТП објави дека шест линии на метрото се затворени, додека останатите линии само делумно работат, пренесува „Ројтерс“.

Главните градски РЕР линии север-југ и исток-запад исто така се силно погодени од штрајкот, додека само две линии, линиите 1 и 14, кои се самоуправни бидејќи немаат човечки кондуктер, останаа во функција.

 

 

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија