Утрински Весник
Свет

Српската полиција за исчезнатиот Матеј: Постојано добиваме пријави дека некаде е виден

Српската полиција за исчезнатиот Матеј: Постојано добиваме пријави дека некаде е виден

Во Србија продолжува потрагата по Матеј Периш (27), сплиќанецот кој на 31 декември минатата година рано утрото исчезна во Белград.

Милош Станимировиќ од одделението за потраги на српското МВР за РТС изјави дека секојдневно добиваат по десетина пријави или дојави дека Матеј Периш некаде бил виден.

„Апсолутно сме должни да одговориме на секоја пријава. Ние ја проверуваме секоја од нив. Значи, ако се пријави дека Матеј е виден на одредена локација, ќе извршиме теренска проверка, ќе интервјуираме неколку лица, но досега немаме дојдено до некоја нова информација од таквите пријави“, објаснува Станимировиќ.

Тој додава дека по Матеј се трага од денот кога била поднесена пријава за неговото исчезнување.

„Од денот кога е поднесена пријавата за исчезнувањето на хрватскиот државјанин Матеј Периш се трага по него. Утврдена е рутата на движење и на самиот Матеј и на друштвото со кое дошол во Белград, од Загреб до Белград. Извршени се теренски проверки во апартманите каде престојувале, местата што ги посетиле и кафулињата“, наведе Станимировиќ.

Можете да прочитате

Трамп: Јас сум единствениот кој ќе одлучи за прекин на огнот

Иран: Ормуската Теснина ќе се отвори само кога ќе има надомест за бродарина

Доналд Трамп Јуниор утре во посета на Бања Лука: Специјални безбедносни мерки и најави за бизнис-дипломатија