Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Врските со дијаспората ни се важни, вложуваме во образованието на децата на иселениците

Шаќири: Врските со дијаспората ни се важни, вложуваме во образованието на децата на иселениците
Dik 300x250 mk

Министерството за образование и наука вложува во образованието на граѓаните на Република Северна Македонија кои живеат и работат во странство затоа што врските со дијаспората ни се важни во градењето стабилна и економски просперитетна држава. Ова го нагласи министерот Јетон Шаќири на денешната средба со заменик-директорот на Агенцијата за иселеништво Измит Нура, на која во фокусот беше основното образование.

„Посебно ни е значајно образованието на најмладите. Разговаравме за обезбедувањето наставници од нашата држава за да држат настава на децата на иселениците. Во рамки на законските надлежности, МОН како институција ги поддржува барањата кои ни доаѓаат од средините каде живеат наши граѓани, и тоа ќе го правиме и во иднина“, рече Шаќири.

На средбата се разговараше и за потребата за информирање на јавноста за активностите на овој план, како и за потребата за учебен материјал и лектири.

Заменик директорот Нура посочи дека Агенцијата за иселеништво, во реализацијата на стратешките планови и програми, соработува со повеќе институции, меѓу кои и со Министерството за образование и наука. Меѓу другото, тој информираше за виртуелната работилница наменета за наставниците кои водат настава во иселеништво, одржана на почетокот на учебната 2021/2022, на која беше презентирана новата наставна програма изготвена од Бирото за развој на образованието.

Можете да прочитате

Шок во Капиштец: 10-годишно дете каснато од глушец на игралиште поради ѓубрето во градот

Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Алиу: Нашата цел е МЗ да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално