Утрински Весник
Македонија

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Беласица

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Беласица

Градот Скопје известува дека на улицата Беласица ќе се воведе изменет режим на сообраќај почнувајќи од утре во 19 часот и ќе трае до сабота до 24 часот.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот“, велат од Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим како што појаснуваат се воведува поради изградбата на атмосферска канализација чие приклучување е предвидено со попречен прекоп на улицата Беласица на нејзината западна страна, на аголот меѓу улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев, како дел од проектот за изградба и реконструкција на булеварот АСНОМ (фазна реализација).

Можете да прочитате

Во еден ден два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Тепачка и закани со пиштол во кафеана во Трубарево, уапсена и полицајка

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече