Утрински Весник
Свет

Во Подгорица ќе се одржи марш за поддршка на Украина

Во Подгорица ќе се одржи марш за поддршка на Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека руската амбасада во Подгорица испратила нота до црногорското Министерство за надворешни работи со барање да се зголеми обезбедувањето околу зградата на амбасадата во случај на провокации на 19 февруари, кога се планираат демонстрации за поддршка на Украина.

На нејзиниот канал на „Телеграм“ таа го посочи и фактот дека конзулот на Украина во Подгорица, Михаило Шматов, поставил објава на „Фејсбук“ со назнаката #Русија мора да биде уништена#, но дека ја отстранил по неколку часа.

Конзулот во објавата информира дека во сабота во 12 часот во Подгорица ќе биде организиран „Марш на единството“ и ги повикува граѓаните на Црна Гора да одговорат на повикот и максимално да ја поддржат Украина.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична