Утрински Весник
Економија

Уште една парична казна за „Гугл“ во Русија

Уште една парична казна за „Гугл“ во Русија

Судот во Москва одреди нова парична казна на американската компанија „Гугл“ во износ од 3,5 милиони рубљи (46.100 долари) поради тоа што одбила да отстрани забранети информации од страницата, соопштиле за агенцијата ТАСС од прес-службата на Окружниот.

Претставници на „Гугл“ не дошле на судското рочиште и одлуката е донесена во нивно отсуство, соопштија од судот.

Компанијата досега има добиено казни од повеќе од 40 милиони рубљи (527.000 долари) за одбивање да отстрани забранети содржини.

Во декември 2021 година, судија на мировниот суд во Москва му изрече парична казна на „Гугл“, врз основа на прометот, во износ од над 7,2 милијарди рубљи (95 милиони долари), што беше преседан во руската судска практика, додава ТАСС.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток