Утрински Весник
Економија

Битиќи – Викерс: Развојот на Северна Македонија е со силна поддршка од Обединетото Кралство

Битиќи – Викерс: Развојот на Северна Македонија е со силна поддршка од Обединетото Кралство
Dik 300x250 mk

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон, Мартин Викерс.

На средбата разговара за повеќе теми кои се од обостран економски интерес на двете пријателски земји, пришто е констатирано дека Обединетото Кралство е вториот најголем економски партнер на нашата земја.

Викерс ја потврди поддршката на Обединетото Кралство во нашите евро-интегративни процеси, но и поддршката во остварување на зелената агенда на Република Северна Македонија, посебно преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари и за поддршката која нашата земја ја има од Обединетото Кралство во првата фаза од подготовката на Националната Развојна Стратегија 2021 – 2041.

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошничка над 65.000 денари

ИНДУСТРИЈА СО 452,6 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОДИ: Кој ја држи тутунската каса на Македонија?

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создваат