Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека лажеле во таканаречениот отчет

СДСМ: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека лажеле во таканаречениот отчет

Таканаречениот отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е полн со лаги, а тоа вчера го потврди и Тимчо Муцунски кој призна дека ја лажеле јавноста дека за само 100 дена изградиле 33 градинки, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на Христијан Мицкоски според кого градоначалниците од редовите на политичките опоненти не сработиле ништо досега.

„Нервозен е Мицкоски затоа што знае дека граѓаните ја гледаат неспособноста на неговите градоначалници. Со ништо не може да го оправда неработењето градоначалниците кои во првите 100 дена не сработеа ништо, освен што ги партизираа општините“, стои во партиската реакција во која се додава дека наместо конкретни решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да ја замајуваат јавноста со измислици и конструкции.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт