Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Најмалку 18 загинати во поплави и лизгање на земјиште во Бразил

(Видео) Најмалку 18 загинати во поплави и лизгање на земјиште во Бразил
300x250 opst2

Најмалку 18 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето и поплави откако бранот обилни дождови стигна до планинскиот регион на државата Рио де Жанеиро во Бразил.

Надлежните стравуваат дека бројот на жртви може да биде уште поголем, додека спасувачите од утрово интервенираат и ги проверуваат загрозените подрачја.

Државната противпожарна служба доцна синоќа соопшти дека повеќе од 180 војници веќе оперираат во погодениот регион Петрополис, каде што стотици луѓе загинаа по катастрофалните поплави во 2011 година, пренесува АП.

Пожарникарите соопштија дека во областа Петрополис вчера наврнале 25,8 сантиметри дожд за само три часа – речиси исто како и претходните 30 дена.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како автомобили и куќи исчезнуваат во лизгање на земјиштето и вода што се врти и порои кои минуваат низ градот Петрополис и соседните окрузи.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во Русија, на Твитер напиша дека им наложил на своите министри веднаш да им дадат поддршка на луѓето во погодените области.

„ Господ да ги утеши семејствата на жртвите“, рече Болсонаро.

Можете да прочитате

Северна Кореја управува со четири политички затворски логори со 65.000 притвореници

Mасовни протести во Перу против претседателот, еден загинат десетици повредени

ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026