Утрински Весник
Македонија

Спасовски се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов

Спасовски се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов. На средбата од двете страни беше потврдена долгогодишната меѓусебна соработка, која досега резултираше со голем број заеднички спроведени активности и проекти, успешно реализирани во координација МВР и УНИЦЕФ, а од страна на заменик претставникот на УНИЦЕФ Ајвазов беше изразена благодарност до министерот Спасовски за континуираната поддршка.

Главниот фокус на состанокот беа програмата и активностите кои се дел од Работниот план на УНИЦЕФ со Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за 2022 година, со вредност од околу 585.000 американски долари.

На состанокот една од темите беа досегашните и претстојните активности во врска со проектот финансиран од Канцеларијата на Европската делегација и УНИЦЕФ – „Правда за деца – ЕУ и УНИЦЕФ за правда по мерка на децата“, со вкупна вредност од 625.000 евра, предвиден да трае две години (01.11.2020– 31.10.2022) и разгледување на аспектите од досегашната и можните приоритети во идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Од страна на заменик претставникот на УНИЦЕФ Ајвазов беше нотирана активната соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и полициските службеници во изминатиот период, а од страна на министерот Спасовски беа уште еднаш потврдени отвореноста и заложбите за натамошно продлабочување на заедничката соработка.

Можете да прочитате

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент

Почнува судењето за таткото на Васил Јованов, го оставал синот без возачка дозвола да управува возило

ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес