Утрински Весник
Свет

Прв случај на Ковид-19 на Куковите острови

Прв случај на Ковид-19 на Куковите острови

Првиот случај на коронавирус е забележан на Куковите острови во јужниот дел на Пацификот.

Премиерот Марк Браун изјавил дека вирусот бил потврден кај лице кое пристигнало од Нов Зеланд на 10 февруари, пренесува Гардијан.

Тој изјави дека лицето е испратено во изолација, како и две лица кои патувале со неа.

Браун претходно изјави дека може да има „тивок пренос“ на вирусот на Куковите островите, бидејќи еден патник бил позитивен по враќањето во Нов Зеланд, а тој останал на Куковите острови од 31 јануари до 8 февруари.

Можете да прочитате

Парамаунт понуди 109 милијарди за купување на Ворнер Брос

Нетанјаху: Блиску е втората фаза од мировниот план за Газа

Зеленски: Нема компромис за украинската територија